Трофејот во мал фудбал за екипата на „Димитар Влахов“, настанот по повод денот на Ромите

Организиран турнир во мал фудбал во Штип, како уште една од низата активности за одбележување на Меѓународнот ден на Ромите, 8 април. Утринава во спортската сала во основоното училиште „Тошо Арсов“ се одигра натпреварот меѓу екипи од училиштата „Гоце Делчев“ и „Димитар Влахов“ кои се натпреваруваа за прво место. Трофејот за прво место кој го додели општина Штип заврши во рацете на учениците од Основното училиште Димитар Влахов кои ја совладаа екипата од Гоце Делчев со резултат 3:1.

„По повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 април Општина Штип во соработка со сојузот на училишни спортови организираше турнир во мал фудбал на кој учество зедоа четири екипи од училиштата „Гоце Делчев“, „Димитар Влахов“, „Тошо Арсов“ и „Ванчо Прќе“. Целта на настанот е да се промовираат еднаквите можности, социјалната вклученост и да се истакне значењето на физичката активност со цел подобрување на здравјето кај децата“ – кажа Здравков.

За учесниците ова е огромно задоволство и мотив да продолжат понатаму да спортуваат и да постигнуваат успеси.

Според Ерол Адемов здравјето кај децата е најважно, па заради тоа и оваа активност во чест на Ромите е од огромно значење.

Во иминативе неколку дена се одржаа низа активности, се постави Ромското знаме на јарболот пред општината, се наградија најдобрите ученици и студенти од Ромска националности и се положи свежо цвеќе со цел одбележување на Меѓународниот ден на Ромите.

Лаура Стојанова М-Нет