
Покачена цената на компирот, цената на јајца на пазарот го достигнува врвот, граѓаните велат сѐ е поскапо, продавачите со став мора да се преживее од нешто. Дел од продавачите секојдневно продаваат, не само во пазарен ден. На импровозираната тезга на нашата соговорничка можеше да се најде и компир, и чаеви, сапун и мед. Вели беровските производи го носи во Штип за продажба, ама побарувачката е слаба. Конкретно за компирот таа додадава дека во Малешевијата производството на компир е сѐ помало.
„Компирот моментално е со цена 400 денари – 10 килограми. Моментално производството оди тешко, скапо ѓубриво, суша. Во Малешевијата многу малку има компир“
Билките за чаеви самостојно ги собира од беровско, за да ги пласира на пазарот во Штип. Вели мора да се работи за да се егзистира од нешто, ама сепак тешко оди. Прави и домашен сапун за одржување на косата, како и домашен оцет.
Производите од беровско Русиново таа ги продава само во Штип. Но, со покачената цена на ѓубривата тешко до производството, истовремено покаќена е и цената на горивата па и транспортот се наплаќа двојно. Затоа и побарувачката се оценува како слаба, а егзистенцијата од ова е сведена на минимум.
Лаура Стојанова М-Нет