
Младите се иселуваат од државата, повозрасните едвај сврзуваат крај со крај. Мерките на Влдата за замрзнување на маржите на дел од основните производи за живот речиси и незабележителни. Кочанчани моменталната ситуација ја оценуваат како многу тешка. Според нив цените на производите не се достапни за сечии џеб. Велат зимата ќе биде уште потешка.
„Превисоки се цените, со нашите пари и стандарди и ниски пензии ние не можеме да опстанеме, крајно е веќе. Ако не ги намалат да бидат луѓе, да намалат цените, да се живее. Овај народ сѐ ќе се истребе, старите ќе умрат, младите готово ојдеа веќе, избегаа по странство.“
Дополнително на ова се очекува и покачување на електирчната енергија, што за пензионерите воопшто не е во ред. Велат пари нема ниту за леб, па ќе бираат дали ќе се топлат и ќе плаќаат струја или ќе јадат и ќе си купат леб.
Инаку вчера Регулаторна ги објаво четирите блока на пресметка на електрична енергија на домаќинствата. Оние кои трошат повеќе ќе плаќаат поскапо, они кои трошат помалку поефтино. Цените на блоковите ќе важат само за време на скапата тарифа, а цените на блоковите ќе се знаат утре.
Лаура Стојанова М-Нет