Во наредните две години – обука за здравствените работници вклучени во перинаталното здравје

Здравствените работници кои се вклучени во перинаталното здравје во наредните две годинии ќе имаат можност за обука и надоградување. Станува збор за проект поддржан од страна на Проеџект хопе, од каде се обезбедуваат средства од страна на нивни донори од Америка и се спорведуваат обуки во Македонија и Косово. Во ваквите обуки ќе биде вклучен и персоналот од штипската Клиничка болница.

„Прокетот ќе биде регионален за здравствените работници, лекари и медицински сестир кои што се вклучени во перинаталното здравје, кое вклучува неоанатологија, гиникологија и акушерство пред сѐ, вклучувајќи го и интезивното лекување за новороденчињата. Дел од обуките ќе бидат онлајн, но поголемиот дел ќе бидат со експерти кои што ќе бидат донесени во Македонија и ќе бидат организирани обуки во живо“ – кажа Ужевски.

Овој прокет треба да се реализира во наредните две години, но обуката за здравствениот персонал никогаш не е доволна, што значи дека вакви обуки ќе се спроведуваат и во иднина.

„Има секогаш нови технологии, нови методи кои што се користат и е нешто кое треба постојано да се надоградува. За секој лекар, медицинска сестра, здравствен работник никогаш нема крај на едукацијата. Така да ова е нешто што Проект хопе го работи во светот веќе 60 години, во Македонија повеќе од 20 години и ќе продолжиме да го правиме и понатаму“ – додаде Ужевски.

Инаку, во Македонија има организирано повеќе пати до сега обуки, последната беше два месеци ога беа обучени транспортните тимови, се обезбедија две транспортни возила за транспорт на новороденчиња. Пред три години во рамки на истиот проект имаше организирано еднонеделна обука каде тренинг поминаа околу 350 здравствени работници од државата.

Лаура Стојанова М-Нет