
Олабавувањето на здравствените мерки полека, но сигурно ги враќаат спортистите во салите. Одбојката во Штип по години на стагнација ги придобива симпатиите на младите кои се повеќе бараат ангажман и врска да дојдат и да тренираат.
Работата со девојките според зборовите на тренерот Кристина Манева бара постојана посветеност во нивното обучување и совладување на одбојкарските тајни. Местото на младите е во спортот и во спортските сали и на таков начин да се оддалечат од модерните пороци на денешнината. Резултатите по напорната работа и напорниот тренинг ќе бидат мерило за нивната успешност која во некои нови и подобри услови гарантира одлична перспектива за во иднина.
Правилата и прописите се јасни и мора да се направи пререгистрација на постоечкиот клуб на УГД Студент. Тренерот Благој Тасев вели дека сеуште се во тек преговорите со федерацијата за новите моменти како и за името во кое сепак ќе се содржи додавката на УГД со цел и понатаму да продолжи досегашната успешна соработка како и овозможувањето на користење на спортската сала Јордан Мијалков и обавезниот превоз.
Девизата на овој одбојкарски тандем е работа и само со работа и трениг може да се зацртатаат зададените идеали, нормално некогаш е потребно и среќа во првенствените натпревари, но сето тоа зачинето со добиената техника, тактика, колективност и дисциплиниран однос во текот на самата игра.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk