Никола Нацев ќе настапи на традиционалната Кик – бокс ревија „Гран При – Сараево 2021“

Штипскиот кик боксер Никола Нацев кој со своите успешни резултати го сврте вниманието на спортската јавност се почесто е „мета“ на разните респектабилни организатори за негово повикување и учество на нив. Според информациите од тренерот Шенол Асанов најновата покана доаѓа и ексресно е прифатена за учество на традиционалниот турнир „Гран При Сараево – 2021“ што во терминот од 5 до 6 јуни ќе се одржи во главниот град на Б и Х. Вообичаено Никола Нацев ќе настапи во своите омилени две дисциплини Кик – лајт и Лајт – контакт во кат. +94 кг. во кои ги „разбива“своите противници и „жнее“ медалји. На турнирот во Сараево покрај од Македонија ќе настапат и натпреварувачи Црна Гора, Бугарија, Грција, Словенија, Косово , Албанија како и од домакинот БиХ.

Герасимов Драги – Пушка Mnet.mk