ДОМ бара да се стопира нетранспарентната постапка за дата-центарот во пресрет на утрешното гласање на советот во Пехчево.
„Недозволиво е за проект со потенцијално сериозно влијание врз водата, енергијата, природата и локалната заедница да се одлучува зад затворени врати, без доволно информации, јасни анализи и вклученост на експертите граѓаните.
Како што истакнавме во неколку наврати, дигиталниот развој не смее да биде изговор за нетранспарентност и игнорирање на јавниот интерес“.
Одлуките за вакви проекти, додаваат од партијата, мора да се носат транспарентно, одговорно и заедно со граѓаните, а никако зад затворени врати.
Текстот Одлуки за дата-центри зад затворени врати не смее да има, велат од ДОМ е превземен од МАКФАКС.