
По осум одиграни кола во Првата ракометна лига на Македонија лидер во група А со максимални седум од седум е Еурофарм Пелистер 2 со 14 бодови, екипа која лани испадна од Суперлигата.
Лидер во групата Б е екипата на Македонија ЃП со скор од шест победи, едно реми и еден пораз со 13 бодови на своето конто.
Ќе биде неизвесно околу местата за плеј-оф. Во групата А за место во плеј-офот покрај битолчани ќе се борат Мулти Есенс, Металург РА, Овче Поле и Јехона, без шанси за плеј-оф остануваат Кичево, Аеродром и Астраион кој е без бодови на днот од табелата.
Во групата Б за плеј-оф ќе се борат покрај лидерот Македонија ЃП и екипите на Скопје, Младост од Богданци, Драчево, Шампион и Вардар од Неготино. Без шанси за плеј-оф се штипски Текстилец кој има само два бодови односно скор од една победи и шест порази, а на дното е Преспа Вардар без бодови.
Александар Ванев, М-Нет