
Младите во Штип имаат интерес за мотоспорот вели младиот мотовозач Кирил Григоров, но финансиите и немањето на патека во Македонија се голем проблем да се следи чекорот на професионалниот мотоциклист Петар Мијалков, кој е државен шампион на Македонија и вицешампион во БМУ Европскиот шампионат, па затоа многумина од младите мотовозачи започнуваат со возење на крос, а со тек на времето да започат професионално како Мијалков.
Григоров вели дека интерес за овој спорт има, но треба многу љубов, храброст но и финансии што е главна причина многумина да не може да започнат со овој спорт.
Изминатиот викенд се одржа и настанот „шампионски круг“ по повод успешната сезона на професионалниот мотоциклист Петар Мијалков, настан на кој имаше моторџии од цела Македонија, но имаше и доста млади возачи, за кои како што вели младиот Григоров им треба многу финасии за професионално да продолжат со овој спорт.
Македонија нема патеки за возење, повеќе застапен мотоспорт во Македонија е крос.
Државниот шампионат на Македонија се вози на патеката во Серес, Грција, каде Мијалков се подготвува и за БМУ Европскиот шампионат.
Поради финансии и немањето на патека за жал во Македонија има многу малку мотовозачи кои се натпреваруваат професионално како Мијалков.
Штипјанецот Петар Мијалков е пример кој го следат многу млади љубители на овој спорт, но финансиите им се главна пречка.
Александар Ванев, М-Нет