Струјата нема да поскапи, имаме убедливо најниски цени на горивата, порача Мицкоски

Струјата нема да поскапи, а можно е и да поевтини истакна денеска на прес конференција од Штип премиерот Христијан Мицкоски, одговарајки на новинраско прашање. Како што рече, состојбата е стабилна, со што се очекува стабилна зима.

,,За струјата правиме методологија да се обидмее да ако ништо друго да ја задржиме истата цена, а зошто да не и да ја поевтиниме. Откако е оваа влада ние реално немаме зголемување на цената на електричната енергија за домакинствата и покрај сите предизвици и покрај тоаш то сме во пикот на најголемата енергетска криза, која што човештвото ја памети, а тоа е војната во арапскиот залиф. И покрај сите предизвици, денеска ако ме прашате јас можам да кажам дека состојбата е стабилна, ќе имам стабилна зима. Ќе имаме снабдување со електрична енергија согласно потребите на домакинствата и бизнисот. Ние како Влада сме фокусирани на тоа.Ги подгтовуваме нашите производни капацитети, грејната сезоната ќе започне за месец и половина, зависно од временските прилики, некаде на почетокот на ноември, се подготувваме за зимата.”, вели Мицкоски

Македонија, од друга страна, има и најниски цени на горивата во регионот, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски. Како што рече, цените се и до половина евро пониски во споредба со земјите од регионот.

,,Што се однесува до цените на горивата и цените на останатите нафтени деривати, јас би кажал дека ние имаме убедливо најниски цени во регионот. До половина евро по литар пониски од земите во регионот, ако се спроедиме со Албанија, Грција, Србија и т.н. Се разбира дека и во моментот аплицираме мерки, а тоа е редуцираното ниво на акцизата, но во завиност од интезитетот на кризата така ќе ги демионизираме мерките, затоа што многу е важно и да се одржи макро економската и фисканлна стабилност на земјата.”, додаде Мицкоски

Владата ќе продолжи да применува мерки во зависност од интензитетот на кризата. Целта, како што посочи Мицкоски, е да се одржат цените, но и макроекономската и фискалната стабилност на земјата.

Иван Митев, М-Нет