
Веќе 16 ден по ред траат протестите во Кочани, на патот кој води кон градската депонија, кај село Бели. На ниски температури и врнежи, кочанчани со жив штит се борат за да дишат чист воздух. Не дозволуваат ѓубрето од соседните општини да заврши на депонијата во Кочани.
„Протестот сѐ уште трае, блокадите се 24/7, исклучително важат за возилата на соседните општини кои од 2021 година ѓубрето го носат на нашата депонија. Се тоа за жал предизвика страшно незадоволство и ни го активира сопствениот инстикт за сопственото здравје.“ – вели Сабовљевиќ.
Граѓаните очекуваат утре на седница на совет во Кочани да се донесе одлука со која трајно ќе се забрани носењето на сметот од Виница, Чешиново – Облешево и Зрновци. На тој начин велат ќе го заштитат сопственото здравје и нема да дишат загаден воздух. Не е привилегија тука елементарно право за чиста животна средина, велат кочанчани.
„Очекуваме голема поддршка од советот на граѓании, од нашите советници да донесат одлука со која засекогаш ќе се забрани носење на соседскиот смет. Како што е ред секој да се грижи за сопствениот смет во сопствениот двор. Не бараме привилегија си го бараме правото на живеење.“ – додава Сабовљевиќ.
Инаку, вчера имаше обид сметот од Виница и Чешиново – Облешево да се депонира на градската депонија во Кочани. Но со блоокада со автомобили комуналните возила беа спречени во нивната намера и вратени назад. Кочанчани велат и покрај ваквите герил акции нема да дозволат ѓубрето од соседите да заврши кај нив.
Лаура Стојанова М-Нет