
Познати уште седум екипи кои обезбедија пласман во осминафиналето од Купот на Македонија, откако претходно пет екипи веќе беа чекирани во втората фаза од националниот Куп.
Брегалница како формален гостин на Градскиот стадион во Штип со убедливи 1:4 го доби Тетекс, со што Мијалче Прошев кој како привремено решение ја предводи Брегалница забележа деби победа.
Беласица преку пресврт со 1:3 славеше над Осогово во Кочани, а пак Новаци со минимални 1:0 забележа победа над Охрид за пласман во следната фаза. Минимална победа имаше и Скопје кој со 0:1 славеше над Кожуф во Гевгелија, а со ист резултат и Каменица Саса се пласираше во осминафиналето откако го доби Шкупи со 1:0.
Прволигашот Шкендија Арачиново со 1:3 го доби Детонит Плачковица во Радовиш, а пак Башкими имаше највисока победа од 0:5 над БВК Коњаре.
Претходно, пласман во следната фаза обезбеди Брера Струмица, Македонија ЃП, Пелистер, Струга Трим Лум и Вардар. Остануваат уште три натпревари за комплетирање на 1/16 финалето. Могила ќе игра против Арсими на 24 септември, Крошу Спорт ќе игра против Тиквеш на 6 октомври, а пак на 14 октомври Вардар Неготино ќе се соочи со Работнички.
Александар Ванев, М-Нет