
Една цена на рафт, друга на каса, различни цени на производите во маркетите. Високите цени, причина за да граѓаните си водат есап, па ваквите итриги знаат да ги забележат. Штипјани согласни дека ваквите случи се неминовни и во Штип, па покрај што забележале различни цени, забележале и помала грамажа. Децидни дека е неопходна контрола.
Во случај на различни цени, граѓаните многу често остануваат со подотворена уста на каса. Производите тие ги враќаат назад
Во согласност со ситуацијата, многу често цените знаат да варираат, но постои веројатност ваквите промени да не бидат усголасени со цените на рафтовите. Пазарна инспекција за сите нерегуларности и манипулации со цените апелира да се пријавуваат, бидејќи тие не можат да имаат контрола на секој производ во секое време.
Иван Митев, М-Нет