Низа пропусти во законот за угостителска дејност утврди ДКСК, по трагедијата во Кочани

Низа пропусти во законот за угостителска дејност утврди државната комисија за спречување со корупцијата, по трагедијата во Кочани во која загинаа 61 лице. Особено пропусти е забележано во делот на проверката на условите за вршење угостителска дејност, постапката и условите за давање лиценца, во однос казните и сл. Неопходно е да се пропише обврска ДПИ да избрши увид во определен рок, како и санкции, вклучувајќи казни или одземање на одобрението, велат од оваа комисија.

ДКСК препорачува во Законот да се предвиди обврска за доставување писмена согласност од ДПИ или друг надлежен орган со што ќе се потврди исполнетоста на минимално техничките услови пред уписот во Регистарот. Неопходно е да се пропише обврска ДПИ да изврши увид во определен рок, на пример 15 дена, како и санкции во случај на невистинито пријавување вклучувајќи можност за казна или одземање на одобрението, истакна претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска


Наместо инспекциски мерки како опомонеа, треба врачување покана за едукација, вели Татјна Димитровска од оваа комисија, додава дека препорачително е да се преиспитат прекршочните одредби за да се обезбеди сразмерност меѓ висината на глобите и сериозноста на последиците

Се препорачува да се преиспитаат прекршочните одредби за да се обезбеди сразмерност меѓу висината на глобите и сериозноста на последиците, особено кај прекршувањата се однесуваат на здравјето и безбедноста на луѓето. Треба да се примени и трикратниот износ на глоба за сериозни прекршоци, истакна претседателката на ДКСК која укажа дека мора да се усогласи член 59 од Законот за угостителска дејност со член 82 од Законот за инспекциски надзор.“, рече Димитровска


Заклучокот на ДКСК е дека во Законот за угостителска дејност постојат бројни регулаторни ризици поради недоволно прецизно, нецелосно уредени постапки, отсуство на функционални контролни механизми и можност за декларативно исполнување на условите без фактичка проверка од надележен орган.

Иван Митев, М-Нет