
Се враќаат ли маалските полицајци на подрачјето на Штип со цел да се зголеми безбедноста на граѓаните?
Прашања на темата, беа упатени кон СВР на кој соодветно се одговори дека полицијата веќе започна со работа со активно патролирање. Информираат дека граѓаните секојдневно можат да комуницираат во непосреден разговор со полициските службеници, како и на бесплатниот телефонски број 112.
Концептот на работата на полицијата вклучена во заедницата предвидува активно патролирање на униформирани полициски службеници во заедницата како што се позорна и мотопатролна и патролна служба. Граѓаните секојдневно можат да комуницираат во непосреден разговор со полициските службеници како и на бесплатниот телефонски број 112. Како и сите организации така и Полицијата се соочува со предизвици во работењето и настојува навремено да се справува со истите а се со цел поголема безбедност за граѓаните во заедницата како во областа на јавниот ред и мир, криминалитетот и безбедноста во сообраќајот.“, информираат од СВР
Неопходна е маалската полиција велат анкетираните граѓани во Штип. Истакнуваат дека, сакаат безбедноста да им биде иста како порано
Во согласност со ситуацијата, со маалската полиција, од една страна не само што ќе се врати безбедноста на граѓаните, од друга страна ќе се врати довербата во полицијата.
Иван Митев, М-Нет