Единствената штипска фирма успешно извезува лозови садници во Pусија

Производството на лозови и овошни насади, е култура која е овозможена во нашиот крај благодарејќи на климатските услови и поднебјето. Производството на вакви насади, овозможува добар начин на живот, но малиот број на луѓе кој ја познаваат оваа тематика преставува проблем на кој се работи за негово подобрување. Господинот Стефанов подолг временски период се занимава со одгледување на саден материјал, за домашниот и странски пазар. Од годините наназад овие насади се пласираат во Русија, со што рускиот институт за земјоделие со физичко присуство го проверуваше квалитетот на истите. Година заради ковид пандемијата состанокот се одржав преку зоом платформата.

„Под надзор на институциите во нашата држава производството на лозови и овошни насади се прави според потребите на купувачите. Различни барања имаа македонските купувачи и руските купувачи.“

Во Аргулица може да се обрати секој поединец која сака да си купи винова или овошна садница. Нема правило каква сорта и колкава количина мора да се купи. Едноставно секој кој дошол е услужен. За одржувањето на зоом состанокот, за проверка на квалитетот на садниците процес кој пред пандемијата се одвиваше со физичко присуство, техничката реализација и модерација беше овозможена од М-Нет телевизија.

СО РЕАЛИЗАЦИЈА ОД М- НЕТ ТВ, СЕ ОДРЖА ЗООМ СОСТАНОКОТ СО РУСИЈА ЗА ПРОВЕРКА НА КВАЛИТЕТ НА ЛОЗОВИ И ОВОШНИ НАСАДИ