Групна тепачка пред маркет во беровско Русиново

На 06.02.2021 околу 07.30 часот во СВР Штип било пријавено дека пред маркет во с.Русиново,беровско по претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.А.(63) и И.А.(35) двајцата од Делчево, од една страна и Ј.К.(20), Д.К.(23) и А.Б.(32) сите од с.Русиново, од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.