
Убавото, сончево и тивко време им одговараше на повеќето екипи кои подготвувајчи се за пролетниот дел одиграа неколку контролни средби. Фудбалерите на Брегалница кои се подготвуваат во спортскиот центат Истатов, во Дојран одиграа нерешено 1:1 со екипата на струмичка Беласица. Мартин Стојанов од пенал донесе водство на Брегалница во 39 м. а Белесица го израмни резултатот во 42м. Ова беше можност на теренот да се појават повеќе играчи на кои тренерот на Брегалница Марјан Секуловски рачуна за пролетниот дел. Во среда Брегалница во Дојран ќе се сретне со Плачковица од Радовиш.
Од завчера тимот на Кит Го се пресели и подготовките ги продолжи во Пехчево. Денес тие одиграа пријателски натпревар со Осогово и со голот што го постигна Бошко Ступиќ победија со резултат 1:0. Веќе утре, недела тренерот Емил Грнев во нешто поизменет состав ќе се сретнат неговата, екипите на Кит Го и на Малеш од Берово.
Денес „контролка“ во Гевгелија одиграа и Кожув и Слога од Виница, натпревар кој заврши без победник, односно 1:1 а стрелец на голот за Слога беше Стојче Стојов.
Драги Герасимов – Пушка Мнет.мк