Летово уништени 202 килограми сладолед и мраз, АХВ открила низа пропусти

Летово уништени 202 литри/килограми сладолед и мраз, а Агенцијата за храна и ветеринарство открила низа пропусти при вонредните контроли. Од почетокот на јули до крајот на август биле извршени вкупно 560 инспекциски надзори во објекти за производство на сладолед и мраз, како и во угостителски објекти кои произведуваат вакви производи за сопствени потреби. При контролите биле издадени 140 решенија за утврдени неусогласности, а биле изречени и 45 парични казни во вкупна вредност од 19.430 евра во денарска противвредност. Меѓу утврдените пропусти се нерегистрирани оператори, неизвршени анализи на сладолед и мраз, несоодветно означување на производите и незадоволителни хигиенски и технички услови. Дел од операторите немале воспоставени соодветни процедури за хигиена, чистење на ледоматите и следливост на производите

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), согласно одредбите од Законот за безбеднсот на храната, од почетокот на јули до крајот на август спроведоа вонредни инспекциски контроли во објектите за производство на сладолед и мраз, како и во угостителски објекти кои сами произведуваат и ставаат во промет вакви производи за сопствени потреби. Во два месеца реализирани се вкупно 560 инспекциски надзори кај оваа категорија оператори, за што се издадени 140 решенија за утврдени неусогласности – информираат од АХВ.

Со контролите кај 10 оператори биле затекнати вработени лица кои немале спроведени задолжителни здравствени прегледи. Незадоволителни хигиенски и технички услови биле утврдени кај пет од контролираните објекти, а 19 оператори немале воспоставени процедури на Добра производствена и Добра хигиенска пракса, како и процедури за чистење на ледоматите.

Незадоволителни технички и хигиенски услови имало во 5 објекти, а записи за следливост немале 4 од операторите. Кај еден оператор утврдено било дека нема спроведено задолжителни мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Иван Митев, М-Нет