Дури 90% од производите на пазарот во Штип се увозни и се втора и трета класа, дециден е Колев

Речиси 90% од краставиците и доматите на пазарот во Штип се увозни, производите се од втора и трета класа, а ги нарушуваат цените на домашното производство со повисок квалитет. Раководителот на градскиот пазар во Штип, Димче Колев забележува дека ситуацијата е алармантна бидејќи државата од земјоделска станува увозна. Токму заради тоа дел од производите како на пример кромидо се со енормно високи цени. Дополнителен проблем е што млади нема – ниту трговци, ниту произведувачи.

„Како одат луѓето во пензија веќе, млади деца не остануваат, се намалува бројот на земјоделски производители, па и на трговци. Нема млад човек кој ќе дојде да биде трговец. Да знаеме дека од увоз производите ни се втора класа, не се прва класа, и затоа се руши цената на домашните производи. Нашите луѓе го намалија производството плашејќи се од скапите производствени процеси. И немаме доволно количина“ – вели Колев.

Сегашната цена на зеленчукот е реална и пристапна за примањата на граѓаните. Цените на дел од производите е можно да се намалат околу прв мај, кога впрочем ќе има поголемо производство, но и кога во ек ќе биде сезоната на доматот и краставицата.

„Па не знам како ќе ги замрзнат цените на овие производи, меѓутоа треба да бидат овие цени. Изобилство има од производи, цените се пристапни за граѓаните и не се скапи, реално.“ – додава Колев.

Се уште се чекат анализите дали ќе се замрзнат цените на земјоделските производи, кои пред Велигден вртоглаво растат.

Лаура Стојанова М-Нет