Најразлични маски продефилираа во ОУ Гоце Делчев – Штип, најдобрата ќе ги брани боите на училиштето

Принцези, полицајци, пчели, сладолед, најразлични маски денеска продефилираа низ дворот на Основното училиште „Гоце Делечев“ во Штип. Во пресрет на утрешниот светски ден на шегата Први април се избра најубавата маска која утре ќе се претстави на априлијадата во Штип сити мол и ќе ги брани боите на основното училиште „Гоце Делчев“. Децата најразлично маскирани велат маските ги изработиле со помош на своите родители.

Најубавата маска од трите класа во прво одделение беше избрана од страна на комисија составена од настаници и педагогот на училиштето, кои истакнаа дека изборот воопште не е лесен. Учениците од останатите одделенија имаат можност да бидат дел од маскембалот и да присуствуваат на истиот.

„Осното училиште „Гоце Делчев“ од Штип во пресрет на Денот на шегата организираше маскембал, а воедно ирганизираше и избор на најдобра маска, кај учениците од прво одделение. Беше формирана комисија од страна на наставници од страна на педагогот кои учествуваа во изборот на најдобра маска во училиштето“ – вели Митев.

Денот на шегата 1 Април во Штип ќе се одбележи утре во 12 часот пред влезот на Штип сити мол. Од општината ќе бидат доделени награди за најубавите маски, а награди ќе следуваат и од Штип сити мол. Настанот ќе бид езбогатен со забавно музичка програма и жонглери за најмалите.

Лаура Стојанова М-Нет