
Дури 21.178 казни се изречени во месец мај, за непрописно паркирање, брзо возење, возење без возачка дозвола, за возење во алкохолизирана состојба, како и за користење мобилен телефон при возење и неносење сигурен појас и кацига.
5480 од вкупната бројка казнети за непрописно паркирање, а 5458 за брзина поголема од дозволената. Без возачка дозвола евидентирани 2114 прекршоци.
Исто така регистрирани се 775 прекршоци за користење на мобилен телефон при возење, 1203 прекршоци за неносење сигурносен појас, 744 санкционирани возачи на мотоцикл за неносење заштитна кацига.
Но, не само за тоа, санкции имало и за 567 возачи кои што учествувале во сообраќај со недозволено количество алкохол во крвта, и уште 113 возачи коишто се казнети за минување на црвено светло. Покрај ова во текот на мај биле санкционирани 527 пешаци, шестмина возачи на електричен тротинет и седум возачи на велосипедисти.
По основ пак на Законот за возила минатиот месец биле изречени 153 мерки за технички неисправни возила и уште 500 прекршоци за возила кои што учествувале во сообраќај без валидна регистрација.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. ОД МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот , со цел придонесување за посигурни патишта.
Иван Митев, М-Нет