Танец го носи срцето во Штип, во среда настапува во домот на културата Ацо Шопов

В среда, Националниот ансамбл на Македонија „Танец“ го носи срцето на македонската традиција во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип – со почеток во 19:30 часот.

Амбасадорот на Македонија ја истакнува својата важност, како национален културен бренд и мост кон светот, кој го чува и промовира македонското фолклорно богатство.

Влезниците по цена од 300 денари веќе се достапни и заинтересираните можат да ги купат во билетарата на домот на културата.

Звукот на тапанот, чекорот на ората и боите на народната носија – сето тоа ќе го донесе „Танец“ во срцето на Штип. Публиката ќе има уникатна можност да види изведба која со децении го освојува светот и го чува македонскиот идентитет жив.
Сцената ќе оживее со енергија, прецизност и емоција. Од „Тешкото“, преку игри од Вардар до Пирин – „Танец“ ќе го покаже најдоброто од македонската традиција.

Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ е основан во 1949 година. Со своето долгогодишно постоење, „Танец“ е симбол на македонската култура и уметност, и претставува најважниот презентер на македонското фолклорно творештво.
Историјата на „Танец“ започнала во истата година, со одредбата на македонската влада за основање на Државниот ансамбл за народни игри и песни на Народна Република Македонија.
Тој е единствн во државата од ваков карактер.

Иван Митев, М-Нет