ДПС „Лисец“ организира промоција на својата програма по повод 11 декември – меѓународен ден на планините

Денот 11 декември љубителите на планините го одбележуваат како меѓународен ден насекаде по светот. За таа цел раководството на ДПС „Лисец“во Штип ќе организира промоција на својата нова програма за планинарење во текот на идната 2021 година. Друштвото на вљубеници во планината од година на година се зголемува и за таа цел на оваа промоција ќе бидат доделени признанија на заслужни членови. Истовремено присутните ќе можат да ја проследат и проекцијата на македонскиот планинарски филм Виа Динарика. Меѓународниот ден на планините во организација на ДПС „Лисец“ ќе се одржи во петок 11 декември 2020 г. со почеток во 19.00 часот во Астибо плаза со протокол за строго почитување на мерките поради Ковид 19. На свеченоста се поканети и можат да присуствуваат сите членови на ДПС „Лисец“, љубителите и сите заинтересирани за планинарење.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk