Во месец март 2018 година се создава хуманитарното здружение „одигитрија“ кое е лоцирано во Виница. Специфично име а било добиено по испирација од икона во правосланието „патеводителка“ или одигитриј. Виничаните се доста хумани граѓани и секојдневно се доставуваат најчесто пренхранбени пакети, средства за лична хигиена, покуќнина а во последно време откако се воведе виртуеното образование има доста и користени компјутери лаптоп таблети кои што се преинсталираат со минималтна поправка или кажано функционални се доделуваат на оние деца за кои сметаат дека им е потребно за вклучување во онлајн наставата вели Николовска.
Моментално сакам и тоа да го спомнам поради случувањата со наставата онлајн настава исто така имаме и акција на донирање на користени компјутери таблети лаптоп со кои сакаме да помогнеме онаму каде што е потребно и има многудетни семејства каде што се потребни повеќе од еден, има едно лице кое многу ми помага земаме компјутери ги поправаме и ги носиме на ранливи категории на на деца имаме доста копјутери однесено.
Ова здружение беше лоцирано во просториите над старото кино кое е веднаш до граскиот пазар кое што треба да се реновира па поради таа причина моментално се дислоцирани и во моментот ги користат своите приватни домови каде што се и прават пакетите и доставуваат од нивна страна до крајната предвидена дестинација.
Па јас би сакала ако се најде некој да може да ни го обезбеди тоа, да ни се реши тоа прашање бидејќи ние имавме но поради тоа што треба објектот да се реновира го напуштивме просторот но мисла дека нема да биде лошо доколку некој наш сограѓанин или општината ни отстапи некој простор затоа што сега морам да одвраќам некои донации затоа што нема каде да ги сместам а храната како ми се донесува веднаш ги правам пакетите и веднаш доставувам.
Рената кажа дека тие се наоѓаат во Виница но имаат активности во целиот регион, а бројот на посети кај социално загрозени семејства не можат да се избројат и најважното нешто што им ги топли срцата е кога ќе ги пречека искрена насмевка среќата и радосните детски лица кога ќе се појават на вратата од скромните фамилијарни домови.
Здружението функционира веќе на целиот регион во источна македонија најмногу е опфатена Виница нашиот град и околните села но исто така имаме семејства и во Кочани и кочанско а повремени имаме и во други подалечни градови. Има доста семејства на кои постојано имат потреба од нас.
Можеби за некого ова не е ништо но овие големи луѓе не бараат никаков надомест за нивната работа доволно е само колку што можат да им се олесни секојдневниот живот на оние кои навистина имаат потреба од помош, едно искрено и срамежливо БЛАГОДАРАМ е доволна мотивација за понатамошна и макотрпна работа на ова здружение но се што се прави со љубов не представува никаков проблем и мака напротив тоа е задоволтво са сите активсти во Одигитрија.