Доктор Сашко Николов е првиот македонски кардиолог регистриран во Европскиот Бифуркационен Клуб

Доктор Сашко Николов е првиот македонски кардиолог регистриран во Европскиот Бифуркационен Клуб. Овде членуваат стотина интервентни кардиолози од Европа и надвор од Европа. За Штип и за Македонија, Николов е првиот преставник во ова здружение. Сите сложени стентирања кои се направени во изминатите десет години во Клиничка болница Штип се презентирани на Светските интервентни кардиолошки конгреси во Европа и светот.

„После долги презентации, после долги години тешки интервенции и успешно завршени интервенции во јануари 2024 година добив покана да бидам дел од Европскиот клуб, каде професорот Ив и основачот на ова здружение лично ме покани да бидам дел од ова здружение. После четири месеци, вчера добив официјална покана за да се регистрирам. Ова членуваат 50 доктори од Европа и уште 50 надвор од Европа.“ – вели Николов.

Штип ќе биде ставен на висока позиција во здружението на интервентни кардиолози, а гордост е и за цела држава. Со помош на посветената работа на целиот тим на КБ Штип, вели Николов, се стигна до ова високо ниво.

„За мене ова лично преставува едно од најголемите достигнувања во мојата професионална кардиолошка кариера. Благодарение на мојот тим кардиолози доктори во КБ Штип со гордост кажувам дека успеавме да стигнеме во елитата на интервентното кардиолошко работење. Ова за нашиот град е огромна работа бидејќи Штип ќе биде ставен на висока позиција во здружението на интервентни кардиолози.“ – додава Николов.

Николов посочи дека ова ќе биде само почетоко на се она што следува во медицината особено во интервентното кардиолошко работење.

Лаура Стојанова М-Нет