Колку се почитуваат родителите и дали се посветува доволно време на децата?

Кога ќе се изговори зборот семејство звучи исконски. За оној кој има семејство велат дека е богат. Семејството е она што те прави среќен, спокоен, ти го стоплува срцето. Во чест на меѓународниот ден на семејството анкетираните граѓани за М -Нет телевизија едногласно велат дека семејстото се оние луѓе кои никкогаш нема да те изневерат, оние кои секогаш те поддржуваат, тоа се луѓето во твојот жиот кои сакаат да бидеш дел од нивниот.

„Семејството е најсвето нешто, кој нема семејство нема ништо. Зависи од семејството од луѓето, родителите ако се спремни и ако мислат дека треба да ги спремат за нареднио живот да ги подучат, ама ногу малку е тоа сега. Нема го семејсството и нема го тоа веќе да го оддржава како шо беше на времето“

„Семејството е најголемото богатство, семејство ако нема човек нема ништо, семејството е свето. Тепање никако само со совети, зборење да те гледа у очи да му збореш на детето иначе со тепање не. Децата се ногу разгалени мислам дека не е како шо беше едно време“

„Децата не само дека они некое галено, од родителите е ем тоа. Родитело ако не си го воспитува детето, учителката не може да го васпитува тука. И не смее ништо да му рече. Ја тука гледам културни деца стане книшката земе однесе, има некои ја тука парко каков е„

Децидни се дека порано децата имале поголема почит кон нините родители, за разлика од денешните генерации каде нивната почит е на малку пониско ниво.

„Семејството е најценливо нешто . Да ги учат на паметни работи не на лоши, на тепање. Некои има почитуват ги некои не.

„Кој си е со поголема фамилија тај и подобар живот има. Денешната младина и нашта младина шо беме едно време поштовање спрема старите луѓе, далеко е тоа ногу. Едно време ние дедо, баба, стрина, чичо, тоа поштовање имаше големо.

Одбележувањето на овој ден треба да ја подигне свеста за значењето на вредностите кои се негуваат и развиваат во рамки на семејството, и како тие потоа ќе се рефлектираат на општествениот живот.

Лаура Стојанова, М-Нет