Дводневен фестивал на уметноста под мотото „Ликовна визија“ се одржува на Ликовна академија во Штип

Под мотото „Ликовна визја“ во Ликовната академија во Штип, се оддржува дводневен фестивал на уметноста. Ќе се оддржат повеќе мастер класови од повеќе професори каде учество ќе земат талнтирани средношколци и студенти кои ќе го покажат талентот пред другите, а воедно и ќе го збогатат знаењето во областа на уметноста. Како и тоа да се подигне свеста кај малдите за уметноста со што повеќе да се занимваат со неа која е неизоставен дел од нашиот живот.

„Ликовната академија од Ниш, Мирослав Живковиќ, кој што ке оддржи час. Утре имаме со Ангел Коруновски, академски сликар, и потоа следат две изложби едната е од нашиот еминентен професор и академски сликар Родољуб Анастасов, за крај ќе имаме изложба на нашите студенти. изложба која се отвори во Софија пред дестина дена, значи ќе се отвори во Виница во домот на културта. А за дестина дена ќе имаме исто во Штип во Домот на култура на 28 мај.„ посочи Намичев

Денеска на првиот ден на манифестацијата, се оддржа мастер клас од страна на Мирослав Живковиќ од Ниш. А потоа следуваат две изложби една од страна студентите, а друга од нашиот познат македонски академски сликар Родољуб Анастасов.

„На некој начин го приближувам тој начин на сликарство на студентите и децата кои учествуваат на оваа работилница. Темата не е фиксирана, тоа значи дека не мора да биде пејсаж или мртва природа, или портрет на пример. Студентите треба да размислуваат многу, да работат многу, останато доаѓа само по себе. Бидејќи без работа нема резултат“ – најави. Живковиќ

На оваа манифестација учениците и студениите можат подобро да се запознаат со уметноста благодарејќи на искусните професори кои несебично ги поддржуваат во тоа. Професорите се надеваат дека ваквите манифестации ќе станат се почести, каде младите ќе почнат да се пријавуваат во поголем број со цел да станат врвни уметници

Лаура Стојанова, М-Нет