Доктор Иванов: Наместо на психијатар повозрасните посегнуваат кон алкохол

Посетата на психолог или психијатар во државата е се уште табу тема. По трагедијата која се случи во Кочани, дел од младите се охрабруваат да посетат психолог или психијатар, но повозрасните наместо на психијатар посегнуваат кон алкохол. Доктор Дарко Иванов, психијатар во кочанската Општа болница вели дека тие се на готовс да им помогант на сите граѓаните кои имаат потреба од разговор, совет, па на крај и таблети.

„По трагедијата која го зафати целиот град, има потреба од психолошка поддршка. Тоа не се однесува само земање таблет, може да се дојде само на разговор. Кај нас уште постои социјална стигматизација и поради тоа луѓето не се охрабруваат да дојдат. Повозрасните од 60 години проблемот го решаваат со алкохол односно одбиваат да кажат дека имаат психички проблем“ – вели Иванов.

Повозрасните кои се лекуваат на сопствена рака земајќи алкохол или таблети може да предизвикаат дополнителни заболувања, дециден е Иванов. Апелира до сите засегнати навремено да побараат помош пред да се доведат до ситуација на депресија.

„Кај нас за жал многу посегнуваат по алкохол кој доведува до органски заболувања. И земањето таблети по нечија препорака на сосед или пријател – тоа може да доведе до значително нарушување на менталната и органска состојба.“ – додава Иванов.

Во кочанската Општина болница освен психолози и психијатри од Кочани, помош има и од клиниките од Скопје, кои се ставени на располагање на граѓаните засеганати и погодени од трагедијата во дискотеката.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет