
Денеска се одбележува Задушница, ден кога се посетуваат вечните почивалишта на најблиските. Од утринава колона возила и голем број граѓани ги посетија и градските гробишта во Штип.
На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните им даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души. Како што велат останало адет да се раздава за душа, а оние кои не можеа на гробишта раздаваа дома.
Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден што црквата го одредила за помен и молитва за упокоените.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет