Денес се одбележа Денот на Црвениот Крст и Денот на крводрителството, во простотиите на Општина Штип каде учество заземаа претставници од Општината, трансфузионата медицина и Црвениот Крст. Велат дека минатата година се бележи број од 4800 крводарители на ниво на нашиот град.
„Нашиот град навистина може да се пофали со бројот на крводарувања кој изнесува 4800 крводарители во изминатата година. Би сакала да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на овие наши херои, но би сакала да упатам еден апел на 22 Март, на првата заедничка крводарителска акција со Општина Штип, со Црвениот Крст Штип, масовно да излеземе и да даруваме овој ден.“ – изјави Шорова

Дел од крводарителите даруваат многу често, а некои чекаат да даваат и на повик, затоа што ретките крвни групи тешко се наоѓаат.
„Живеам до болницата, гледам поврдени од сообраќајки, секогаш е тешко да се слушне. Благодарејќи на одредени луѓе и доктори, почна да давам крв на три месеци редовно, а и по ензија пак ќе давам…“- вели крводарителот
Градоначникот, посочи дека во наредниот период почесто ќе се организираат крводарителски акции со што ќе се мотивираат граѓаните, со цел да се спасат нечиј човечки животи.
„Дефинитивно имаме заедничка соработка си поставивме цел пред нас во наредниот период да се организираат крводарителски активности да ги мотивираме нашите сограѓани кои што е потребно да даруваат крв и да спасат нечиј човечки живот.Во име на тоа сакам да се заблагодарам на луѓто кои денес беа присутни во Општина Штип имаа свои јубилеј по дарување на крв со што некои имаа и по 75.“-изјави Јорданов
Од Црвениот Крст велат дека со секое крводарување се спасуваат од три до четири човечки животи со што денес ги заокружија јубилејите, а велат дека многу побројни се повеќекратните дрители во рамки на статистиката на градот Штип.
„Денес имаме 75 кратни крводарители,50 крводарители ,25 тоа се нормално само заокжување на јубилеј,инаку многу побројни се повеќекратните крводарители, во статистика на градот Штип.Инаку она што е за одбележување е дека крводарителската однсно хуманата статистика секоја година бележи нагорни резултати, годинава имаме 182% реализирање на годишниот план. Што значи дека тоа е успешна бројка.“ – вели Милановска – Патраклиева
Инаку според хуманата статистика, штипјани се хуман народ кои постојано треба да ги негуваат хуманите вредности.