Уредувањето на тортоарските активности започна денес и во населба Сењак, кои се реализираат во непосредна близина на основното училиште „Димитар Влахов“ и дел од клонот на градинката „Астибо“. Од Општината велат дека ќе продолжат со тековните планирани активности, со што ќе следи уредување на зелената површина во населбата и целосно осветлување.
„Денес заедно со директорот на ЈП „Стипион“ вршиме увид на тековни активности на неколку локации во нашиот град, каде што се работи на уредување на торотарски површини во населба Сењак, во непосредна близина на ООУ„Димитар Влахов“ и еден од клоновите на градинката „Астибо“. Паралелно со изградбата на тортоарските површини во населба Сењак предвидено е уредување на зелената површина и целосно осветлување на ова зелена површина.“- изјави Јорданов

Воедно тековните активности продолжуваат на терен на други локации во градот, со уредување на улици, влезови на станбени згради поставување на потпорен ѕид на дел од нив.
„Паралелно исто така се работи на други локации во централното градско подрачје на улица Хрисијан Карпош, на улица Астибо каде што се уредуваат влезови од станбени згради, се вршат градежни активности за изградба на потпорен ѕид од становите. Тековните активности кои се одвиваат на територија на Општина Штип планираме да бидат со забрзана динамика, за да оваа година успееме да реализираме најголем процент на активности предвидени соогласно со програмата за уредување на градежно земјиште.“-изјави Јорданов
Од Општината велат дека активностите на терен се реализираат со забрзана динамика, со цел оваа година да бележи најголем процент на активности кои се предвидени соогласно со програмата за уредување на градежно земјиште.
Лаура Стојанова М- Нет