М Нет тренер на колото во Прва лига: Шпетим Дуро (Струга Трим Лум)

Во избор на телевизија М Нет тренер на 24. коло во Првата лига е Шпетим Дуро, тренер на актуелниот шампион Струга Трим Лум.

Струга на последните пет натпревари нема пораз, а на последни три натпревари забележа три победи во низа со што актуелниот шампион е на врвот од табелата со 51 бод.

Струга на последниот натпревар во рамки на 24. коло со 1:2 славеше над Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Во следното коло Струга го игра прволигашкото езерско дерби против Воска Спорт на домашен терен.

Александар Ванев, М-Нет