Дисциплинската комисија при ФФМ со низа одлуки: За некои фудбалери сезоната е завршена

На последниот состанок на дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, беа донесени неколку одлуки, со кои се казнуваат фудбалери со забрана за настап од неколку натпревари, со што за некои од нив сезоната е завршена предвреме.

Фудбалерот на прволигашот Тиквеш од Кавадарци, Камара Фоде се казнува со забрана за настап на три натпревари Фудбалерот на Струга Трим Лум, Меметриза Хамза се казнува со забрана на настап на два натпревари. Фудбалерот на тетовска Шкендија, Фабрис Тамба се казнува со забрана на настап на два натпревари. Фудбалерот на второлигашот Охрид Лихнидос, штипјанецот Иван Глигоров се казнува со забрана на настап на четири натпревари. Исто така, од редовите на Охрид, Благоја Спиркоски се казнува со забрана на настап на еден натпревар. Потоа, фудбалерот на Скопје, Кристијан Николовски се казнува со забрана на настап на четири натпревари

Комесарот за безбедност на прилепска Победа, Александар Илијески се казнува со забрана на вршење на функција во траење од еден месец. Претставникот на Големо Коњари, Горанчо Касниоски се казнува со забрана на вршење на функција во висина од 1 месец. Против фудбалерот на Шкендија од Тетово, Имран Фетаи е поведена постапка за неспортски однос (кршење на врата од соблекувална) по завршување на натпревар. Против шефот на стручен штаб на ФК Шкендија, Јетон Беќири се поведува дисциплинска постапка поради неспортски однос (вербален напад на полициски службеници од МВР) по завршување на натпревар. Против ГФК Тиквеш е поведена дисциплинска постапка поради користење и фрлање на пиротехнички средства и поради истакнување на банер со навредлива содржина.

Александар Ванев, М-Нет