
Од 8 до 9 мај во Општина Штип ќе се реализира еколошката акција „Генералка викенд“ со масовно вклучување на ученици, студенти, институции, јавни претпријатија и општествено одговорни компании. Во првиот ден учениците од основните и средните училишта, заедно со АРМ, Општината и Земјоделскиот факултет при УГД, ќе ги чистат дворовите на училиштата и јавните објекти. На 9 мај ќе се спроведе поголема теренска акција со поддршка од МВР, АРМ, ЈП „Македонски шуми“ и јавните претпријатија. Активностите ќе бидат насочени кон просторот меѓу Мирјанина црква и патот кон селото Шашаварлија, каде е евидентирана поголема количина градежен и комунален отпад. Од Општина Штип велат дека целта е преку заедничка акција да се придонесе за почиста и поздрава животна средина.
,,И оваа година Општина Штип се вклучува во акцијата „Генералка викенд“, која што на територија на државата ќе трае од осми до 10 мај, меѓутоа на територија на Општина Штип, ќе се оддржи на 8 и 9 мај. На 8 мај во акцијата ќе биде вклучени учениците од основните и средните училишта на тертироија на Општина Штип, АРМ и се разбира Општина Штип и Јавните претпријата, меѓутоа оваа година интерес пројави и УГД Штип, поточно земјоделски факултет, кој што заедно со учениците од основните и средните училиште во Штип ќе имаат можност да ги исчистат нивните дворови, односно дворовите на објектите каде што престојуваат во текот на денот. На наредниот ден на 9 мај во 10 часот ќе започне една малку поголема акција, која што оваа година за првпат ја органицзирамее со неколку институции, пред се овде мислам на МВР, АРМ, ЈП Македонски шуми, јавните претпријатија, вработените во Општина Штип и неколку општествени одговори компании, кои ќе бидат насочени на делот меѓу мирјанина црква и патот кој што води кон селото Шашаварлија, каде што утврдидвме малку поголема количина на градежен отпад, на облека и помалку комунален отпад.“, вели Шорова-Ангелова
Шорова-Ангелова, вели дека волотерите, граѓаните, вработените во институциите и сите заинтересирани ќе имаат можност да се вклучат во акцијата, а како што рече крајната цел е да се собере што поголема коичина на отпад.
,,Волонтерите, граѓаните, вработените во институциите, сите заинтересирани ќе имаат можност да се вклучат во акцијата, а крајната цел на оваа акција е да собереме што поголема количина на отпад, при што во зависност од количината, која што ќе се мери во метри кубни, самата организација Генералка викенд, ќе и даде на Општина Штип, толку садници, колку што е собрано отпад и наредниот период тие садници ќе бидат засадени на соодветни површини.“, додава Шорова-Ангелвоа
Организаторите очекуваат голем одѕив од граѓаните и институциите, со цел да се собере што поголема количина отпад од предвидените локации во општината. Според правилата на акцијата „Генералка викенд“, за собраниот отпад Општина Штип ќе добие соодветен број садници, кои дополнително ќе бидат засадени на јавни површини.
Иван Митев, М-Нет