
Песок се црпи од коритото на река Брегалница во село Софилари, штипско. Ваквата слика на терен изминатиот период е загрижувачка велат жителите од ова населено место, кои реагираа за да се стопира самата постапка. Велат дека со црпењето песок се уништува коритото на реката, а опасност преставува и за животната средина. Пријавиле и во Општина Штип, а пријавата пристигнала и до градоначалникот. Инспекторот за животна средина при општиата, Валтко Панов, истакна дека веднаш по усната пријава од страна на жителите излегуваат на терен. Ако е во нивна надлежност ќе се реагира веднаш, ако не ќе се бара вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за животна средина.
„Врз основа на поднесена пријава од страна на жители, граѓани за вонреден инспекциски надзор од место викано Софилари до градоначалникот и со налог за постапување, ќе бидеме на терен ќе видиме дали има исцрпување на минерална суровина – песок од речно корито на река Брегалница. Доколку е во наша надлежност ќе постапиме, доколку ее во надлежност на Државниот инспекторат за животна средина ќе поднесеме барање за нивно постапување“ – вели Панов.
Инаку, и утринава на лице место се работеше во процесот на вадење песок од коритото на река Брегалница во село Софилари.
Лаура Стојанова М-Нет