Детонит Плачковица со триумф над Кожуф, Варадиновски за М Нет вели дека се движат во вистинска насока

Детонит Плачковица денес одигра нов пријателски меч во рамки зимските подготовки.

Радовишани со голот на Дарко Алексовски минимално (1:0) го добија Кожуф на Бело Брдо во Штип.

Тренерите им дадоа шанса речиси на сите играчи со што резултатот беше во втор план.

Детонит Плачковица настапи со Ѓоргиев, Мирчевски, Радевски, Велиновски, Димовски, Јусуф, Алексовски, Смилков, Бабунски, Ќазимов и Настевски, а во игра влегоа и Г. Јанев, С. Јанев, Коцев, Стојов, Стојанов, Ристов, Божинов, Антонов, Димовски и Свирков.

“Се чувствува мал замор кај играчите, но тоа е сосема нормално во овој дел на припремите, сепак не изостана желбата, дисиплината и пристапот во ниту еден момент. Според прикажаното се движиме во вистинска насока. Сите играчите кои ги имаме на располагање добија шанса”, вели тренерот на Детонит Плачковица, Иван Варадиновски за телевизија М Нет.

Следен тест за радовишани ќе биде против Тиквеш.