Второлигашот Охрид со триумф над Победа

фото: М Нет ТВ

Прволигашот Победа се пресели во Охрид каде ќе ја одработи главната фаза за неизвесната пролет кога е во прашање опстанокот на прилепчани во Првата македонска фудбалска лига.

На првиот контролен натпревар покрај езерото Победа беше поразена со 2:1 од второлигашот Охрид, во меч одигран на СЦ „Билјанини Извори“.

Победа стигна прва до водство, но Охрид со головите на Мартин Нически и Дарко Размоски преку пресверт обезбеди победа над прилепскиот прволигаш.

Следен контролен меч за Охрид ќе биде против Брегалница на 1. февруари, додека пак Победа ќе игра против Воска Спорт, исто така на 1. февруари.