
В недела се играат мечевите од 23. коло на Првата женска фудбалска лига, каде фокусот ќе биде на дербито меѓу Тиверија Брера и Каменица Саса, во меч каде домашниот тим сака триумф за да го задржи второто место, додека пак „рударките“ и со триумф ќе останат на петтото место односно нема да може да напредуваат на самата табела.
Фудбалерките на Кочани ќе имаат неизвесно гостување кај Вардар, каде гостинскиот тим ќе се обидува да извлече позитивен резултат во трката за потврда на баражот и преку истиот да го бара опстанокот.
Лидерот Скопје на домашен терен ќе има лесна задача против последнопласираниот Топ Гол, каде трите бодови јасно е дека остануваат во Пржино. Ас Јунајтед на домашен терен ќе биде фаворит за трите бодови во дуелот со Речица, додека пак дерби на Пржино ќе играат Истатов и Љуботен во дерби за второто место.
Александар Ванев, М-Нет