Брегалница зависи сама од себе за директен влез во Прва лига!

Лидерот Брегалница зависи сам од себе на патот кон директен влез во Првата лига, на четири кола до крајот „сините“ ги очекува два тешки предизвици во Струмица против Беласица и во Штип против Шкендија Арачиново, додека на останатите два натпревари Брегалница ќе оди без притисок за трите бодови.

Ако Брегалница ја освои Струмица и ги освои трите бодови против Беласица тогаш веќе следното коло во Штип ќе решава против Шкендија Арачиново, каде тоа ќе биде меч со карактер на финале, како што вели и голманот на тимот од Арачиново, Антонио Столевски.

На последните две средби Брегалница ќе гостува кај Осогово во Кочани и дома ќе игра против Победа. Но, овие два натпрвари може и да немаат важност, ако Брегалница ги добие Беласица и Шкендија Арачиново.

Брегалница би можела и порано да ја започне прославата за шампионската титула и влезот во Прва лига.

Александар Ванев, М-Нет