Денес се одбележува денот на македонската револуционерна борба. Празникот се празнува од 2007 год. По повод основањето на македонската организација во Солун. Многу револуционери делувале овде. Еден од нив е Доне Тошев Штипјанчето.

За неговите дела, за неговата заклетва кој ја дал „живот давам, но не предавам“ , поради таа заклетва, бил осуден на 101 година затвор. Долг период се криел во Штип, каде подоцна се населил во Ќустендил каде и умира. За М Нет ни раскажува проф. Оливер Цацков.
Дали ние ги знаеме големите лица од историјата и нивното значење? Кои можеме да ги пренесуваме на идните генерации? На тоа прашање вели проф. Оливер Цацков за жал не. „Многу од студентите не знаат за белегот на нашата историја. Но, јас како професор се трудам сите работи кои се поврзани од нашето минато да им ги пренесам нив“.
Штип треба да биде горд на својата историја. На револуционерните лица кои оставиле траг.
Надица Стојковска / М Нет
Дарко Лазев / М Нет