Коронавирусот кој предизвикува здравствени компликации е причина за смрт на познатиот штипски хирург Д-р Ѓорѓи Денков. Човекот, кој сиот свој работен век го помина во Клиничката Болница во Штип. На чие чело директоруваше извесен период ќе биде запаметен како значаен афторитет и професионалец. Во клиниката Жан Митрев му биле имплементирани најсофистицираните приоди и начини на лекување. Во последните десет дена му била направена и филтрација на крвта. Но, 67 годишниот доктор Денков ја загуби битката со кобниот вирус. Освен Д-р Денков во изминативе 24 часа почина и 72 годишен пациент, кој во штипското Инфективно одделение се лекувал само два часа бидејки дошол со лоша клиничка слика. Овие случаи не се ретки ,Инфективното одделение се соочува со недостиг на кислород, лекарства и сместувачки болнички капацитет.

Есенскиот бран продуцира голем притисок на пациенти во Инфективно оделение на Клиничката Болница во Штип. Ниту препраќањето на штипски пациенти во новоотворениот ковид центар во Кочани не се покажа како најдобро решение бидејки кочанчани изнајдоа простор ама немаат лекарски кадар. Новоотворениот инфективен оддел во Кочани работи без инфектолог. Во штипската Клиничка Болница со коронавирусот се заразени уште 2 хирурзи, во изолација се уште 4 медицински сестри од ренгенологија. По потврдената позитивност на наставник од основното училиште„ Тошо Арсов“ и воспитувачка и негователка од градинката „Астибо“, директорот Горгиев е затекнат од интензитетот на опфатеност на штипската популација со коронавирусот.
Во Центарот за јавно здравје денес евидентираат различни структури на возраст на пациенти. Наглиот пораст на баратели за тестирање значи нова состојба во овој центар од каде велат дека се губи драгоцено време во лекување и превенција на болеста.
Маре Стојилова М Нет
Игор Зиврев М Нет