
Конечно од утре,сабота по фудбалските терени ширум Македонија ќе продефилираат и најмладите категории во Пионерско – Младинските првенства на Македонија. Ова се однесува и за младите фудбалски погони на Брегалница кои ќе се натпреваруваат со најквалитетните екипи во нивна конкуренција. Во сабота 24 октомври Кадетите и Младинците на Брегалница ќе гостуваат на своите врсници од Шкендија во Тетово. Во недела пак во Штип ќе гостуваат Пионерите и Помладите пионери на Шкендија кои ќе ѓи одмерат силите со своите врсници од Штип.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk