
Денот на планетата земја 22 април денеска го одбележаа и учениците од ООУ „Гоце Делчев“ од Штип. Со неколку активности учениците на терен зедоа учество за изработка на книга, мапа и дополнителни активности за кои се подготвувале претходниот период.
„По повод 22 април, денот на планетата Земја, ООУ„Гоце Делчев“, идвои неколку активности со цел да го одбележиме овој настан. Децата се приклучија на неколку активности и тоа, изработка на книга со интересни факти за планетата Земја, Лапонија предупредува во пролет за да нема проблеми во зима, санката на дедо мраз ќе ја влечат ирваси и роботи. Завршната активност беше изработка на најголемото дрво, децата изработа код со цел, минувачите на нашата патека да можат да го скенираат кодот за повеќе информации за самото дрво. За оваа активност најголем удел зедоа дечињата, со тоа што поради глобалното затоплување ирвасите се тежок испит при нивно истребување од планета.“ – додава Поповска.
За овој настан се вклучиле и наставнивите и учениците кои постојано работеле за настанот да го пренесат во најдобро светло.
„Ние учениците заедно со наставниците подготвивме мапа по повод 22 април денот на планетата Земја и се поготвивме околу еден месец.“ – вели Блажева.
Инаку, за денешниот настан се подготвувале еден месец, а воедно апелираат и ги замолуваат граѓаните да се грижат за нашата планета.
Лаура Стојанова М-Нет