
Во саботата во СРЦ „25-мај“ се одигра дербито на 8. коло од плеј-офот на Првата ракометна лига меѓу ланскиот суперлигаш Радовиш и Металург за второто место кое води во баражот за влез во Суперлигата.
Неизвесен и тежок меч со често менување на водството кое понуди возбуда пред се за гледачите кои беа во сала. Радовиш прв го отвори резултатот за 1:0, а потоа Металург израмни на 1:1. Домашниот тим дојде и до плус три кога имаше 7:4, а потоа Металург одново израмни при 8:8 и 9:9. Неизвесноста продолжи до крајот на првиот дел кога Металург направи комплетен пресврт на резултат за 12:13 на полувреме.
Во вториот дел Радовиш одново дојде до гол предност при 15:14. Металург во неколку наврати доаѓаше само до израмнување, но не и до превземање на водството. Дојде до 20:20, а потоа Радовиш одново имаше 22:20, за на крај конечниот исход да биде 25:23.
Со овој триумф Радовиш се искачи на второто место кое води во баражот за Суперлига.
Изјава за М Нет по натпреварот даде Александра Кузмановска од стручниот штаб на Металург, која вели дека многу им била значајна оваа победа која како што вели за жал не ја добиле, но направи и кратка анализа на самиот меч.
ИЗЈАВА Александра Кузмановска, стручен штаб РК Металург
Кузмановска за М Нет вели дека Металург до крај ќе се бори да ги добие сите преостанати натпревари додава дека против Бисинов одиграле одлично, се надева да се повтори тој натпревар на домашен терен и да се изненади тимот од Велес
По завршувањето на мечот изјава за М Нет даде и еден од тренерите на Радовиш, односно Спасе Ѓорѓиев, кој вели дека очекувале тежок меч против Металург, додава дека натпреварот бил вистиски дерби меч како да е суперлигашки. Ѓорѓиев ја пофали публиката и упати благодарност за поддршката.
Ѓорѓиев вели дека сега е период на тешки натпревари, но го радува фактот што формата кај играчите е подигната, како и желбата за тренирање и играње.
Зоран Стојановски со осум погодоци беше најдобар кај Радовиш, а седум имаше Здравко Постолов. Кај Металург со по пет гола се истакнаа Христијан Крстаноски и Филип Петровски, а четири гола имаше Филип Фидановски.
Александар Ванев, М-Нет