Детонит Плачковица го доби дербито на Истокот против Беласица

Во рамки на 25. коло од Втората лига се одигра дербито на Истокот во Радовиш каде Детонит Плачковица со голот на Стефан Бабунски триумфираше над Беласица со 1:0.

Со овој триумф радовишани веќе се сигурни патници за третото место и баражот за Прва лига.

Тренерот на Детонит Плачковица, Иван Варадиновски за М Нет вели дека успеале да освојат три бодови, но било далеку од лесно.

Варадиновски вели дека откако неговиот тим и математички ќе го обезбеди третото место односно баражот ќе прават анализа на можниот противник од Првата лига, бидејќи таму е густо во долниот дел од табелата

Тренерот на Беласица, Александар Стојанов за М Нет велид ека пад во концентрацијата во пресуден момент го реши победникот во Радовиш.

Радовишани во следното коло ќе гостуваат кај Новаци, а пак Беласица ќе биде домаќин на Кожуф од Гевгелија.

Александар Ванев, М-Нет