
Со положување свежо цвеќе и интонирање на химната на Македонија, денес во с.Разловци се одбележаа 150 години разловечко востание. Востанието се бележи како зачетокот на Македонската борба за слобода и самостојност. На настанот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, претставници на министертсва, како и на општина Делчево, останати граѓани и жители на селото. Во чест на овој ден Спомен домот на разловечкото востание ги отвори своите врати за посетителите. Мицкоски, Љутков, Гоцевски го пуштија во употреба реконструираниот објект со сечење на црвената лента.
„Денес одбележуваме голем љубилеј, 150 години непокор на македонскиот народ, 150 години борба за слобода и просперитет, 150 години постоење на пламенот кој ја грее Македонија. Денес стоиме на оваа света земја пред живиот спомен на една жртва, пред едно дело кое пред 150 години оддекнува како зрак пред македонската историја. Пред 150 години во с.Разловци се роди крикот на македоснкиот непокор. Вовреме кога народот бил притиснат од страв, сиромаштија и побство, група на храбри луѓе решиле да го направат она кое изгледало невозоможно, да се исправат пред неправдата и да го кренат знамето на слободата, знамето на Македонија. Точно вие луѓе, немале армии, немале богатства, немале сигурност дека ќе победат, но имале нешто многу свето. Имале срце, имале верба и ја имале душата на Македонија.“- Градоначалник на општина Делчево, Иван Гоцевски
Според премиерот Христијан Мицкоски, Разловечкото востание не беше само оружен отпор, тоа беше будење на народната свест, првиот силен крик на народот дека сака да живее слободно и исправено.
„Разловечкото востание не беше само оружен отпор, тоа беше будење на народната свест, тоа беше првиот силен крик на народот дека сака да живее свој на своето, достоинствено, слободно и исправено. Во овие села села, овие ридови и планини мислата дека татковината не е само земја, туку идеал за кој вреди да се страда, да се жртвува и да се живее. Тие луѓе немале држава зад себе, немале моќни армии, немале сили кои ќе ѓи заштитат, но имале нешто што е посилно од секое оружје, љубов кон татковината и вера дека нивната борба е праведна, и токму затоа разловечкото востание денес не е само историски настан, тоа е темел, првата искра која подоцна ќе прерасне во пламен на револуционерната борба во Илинден, во Крушевската република, во сите жртви, сите генерации кои ја носеле татковината во срцето.“- Христијан Мицкоски
Свој говор имаше и Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков , кои нагласи дека Разловечкото востание претставува вонвременски миг.
„Балканот во 19 век врие од востанија, од копнежи, од борби против вековното робство, а народите го бараат своето место под сонцето. Разловци станува јасен синор меѓу историите, овде се брани чувството на припадност, сопствениот јазик, сопственото историско достоинство. Разловечкото востание претставува вонвременски миг во кои еден народ застанува пред бездната на сопственото исчезнување и одлучува дека достоинството вреди повеќе од животот.“- Министер за култура и туризам, Зоран Љутков
На крајот од настанот се доделија плакети за учество и придонес за реализација на манифестацијата „150 години Разловечко востание“, истите ѓи додели градоначалникот на општина Делчево, Иван Гоцевски. Спомен домот на разловечкото востание ги отвори своите врати за посетителите. Мицкоски, Љутков, Гоцевски го пуштија во употреба реконструираниот објект со сечење на црвената лента.
Дајана Сандева, М-Нет