
Несовесното паркирање повторно создава проблеми за пешаците на еден од најфреквентните булевари во Штип, кај градскиот стадион. Автомобили паркирани директно на тротоарот ги принудуваат граѓаните да се движат по коловозот, со што дополнително се загрозува безбедноста во сообраќајот. Жителите апелираат за поголема сообраќајна култура и почести контроли од надлежните служби.