
Две мерки со цел да се обезбеди стабилна достапност на ѓубривата и заштита на земјоделците од растот на цените се донесени, посочи Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Овие мерки ќе стапат на сила веднаш и ќе важат до 31 мај оваа година. Според министерот, со ваквите одлуки се очекува стабилизација и намалување на цените на ѓубривата на домашниот пазар.
„Целта е да се озбезбеди достапност на ѓубривата и да се заптитат земјоделците од растот на цените, станува збор за две одклуки, кој што ќе стапат на сила и истите ќе се применуваат до 31 мај оваа година. Првата одлука се однесува на сите правни и физички лица, регистрирани за производство и трговија на големо и мало кои произведуваат и продаваат неоргански ѓубрива, органски ѓубрива, органоминерални ѓубрива, биостимулатори како и подобрувачи на својства на почва. Целта на оваа одлука е да се спречи евентуалните недостатоци на пазарот и да се обезбеди редовна достапност на ѓубривата и да се заштитат земјоделците од неправилниот раст на цените. Со втората одлука што денеска е донесува, се ограничува растот на цената на ѓубривата на домашниот пазар, односно се корегира продажната цена за 10% намалување на залихите кои што ги имаат продавачите набавено по стари набавни цени. Со овие две одлуки се прави стабилизација на цените на ѓубривата, односно, нивна корекција, намалување.“- Цветан Трипуновски, Министер за земјоделство
Трипуновски истакна дека со донесените мерки се спречуваат евентуални недостатоци на ѓубривата и се обезбедува нивна редовна достапност на пазарот. Тој посочи дека со втората одлука се ограничува растот на цените преку намалување од 10% на залихите набавени по стари цени. Според него, овие мерки ќе придонесат за стабилизација и намалување на цените, со цел заштита на земјоделците.
Трипуновски беше дециден, овие мерки се со цел стабилизација на цените на ѓубривата, односно, нивна корекција, намалување.
Дајана Сандева, М-Нет