
Законот за високото образование утре оди во владина процедура, потврди министерката за образование и наука Весна Јаневска во денешната изјава.
Законот, како што вели таа, опфаќа шест точки кои биле дискутирани во изминатиот период.
Пет од нив, според Јаневска, не биле спорни и биле разгледувани и претходно, додека за последната точка, која се однесува на Хиршовиот индекс, било постигнато решение.
Таа појасни дека индексот нема да биде основен критериум за избор, туку ќе влезе меѓу дополнителните критериуми.
Во случај двајца професори да имаат еднакви бодови, како што посочи, пресуден ќе биде Хиршовиот индекс.
,,Денес ја имавме последната средба со нашиот коалиционен партнер ВЛЕН, имавме шест точки, кои ги дискотиравме. Со сите шест се усогласивме и утре законот оди во владина процедура. Пет од точкиет и веќе беа и порано дискутирани, затоа што ова беше континуиран процес и тие веќе не беа воопшто спорни. Последната точка за која дискутиравме беше хиршовиот индекс, за кој исто така најдовме решение, тој да не биде основне елемент како критериум за избор, туку да влезе во додатните елементи за критериуми за избор. Во тој случај, кога двајца професори, ќе имаат идентични бодови, пресуден да биде хершовиот индекс.“, рече Јаневска
Инаку, целта на новиот закон е унапредување на квалитетот во високото образование и појасни критериуми при избор на наставен кадар. Според најавите, законот утре влегува во владина процедура, по што се очекуваат следните законски чекори.
Иван Митев, М-Нет